Една од најголемите дигитални агенции во Австрија, Netural, и Bruketa & Žinić OM од Хрватска лансираат нова старт-ап ориентирана агенција наименувана Startaparat. Selma Prodanović, добро позната австриска инвеститорка, основач на Brainswork и 1millionstartups ќе ја поддржи Startaparat како член во одборот на советници.
Startaparat цели кон пресретнување на потребите на стартапите со прилагодени услуги комбинирајќи знаење и искуство во дигиталниот бизнис и новите технологии преку креирање на неконвенционални комуникациски решениа.
Со неколку специјализирани старт-ап пакети и бизнис модели по мерка прилагодени на буџетите на стартапите, Startaparat нуди широк ранг на услуги како визуелен идентитет, кампањи, дизајн на производи и платформи за тестирање на онлајн продажба. Bruketa & Žinić и Netural претходно работеле со стартапи.
Хрватската агенција своето искуство со ваков тип на компании го започнала со голем број на компании меѓу и кои Rimac Cars, старт-ап кој во моментот ја произведува најбрзата електрична кола во светот. Меѓу компаниите исто така се и сопствените старт-апи како Roomle, апликација за дизајн на ентериери која дизајнирала преку 1.5 mil планови ширум светот.
“Денес, Netural и Bruketa&Zinic OM Wien се две добро етаблирани агенции кои успешно работат со повеќе глобални брендови”, изјави Selma Prodanović. “Пред некои дваесетина години и самите две компании беа старт-апи со млади ентузијасти во Linz и Zagreb, кои позајмуваат пари од своите родители за да ги остварат своите соништа. Го следам текот на нивната работа уште од самите нивни почетоци и чувствувам голема почит за нивната работна етика и креативност. Затоа сум среќна што ќе се приклучам на тимот на ентузијасти на Startaparat’’.