Home » Во фокусот » Bruketa&Žinić OM сега се Bruketa&Žinić&Grey

Bruketa&Žinić OM сега се Bruketa&Žinić&Grey

Grey мрежата, дел од најголемата светска групација за комуникациски услуги WPP, ја заврши аквизацијата на мнозинскиот удел  во агенцијата Bruketa&Žinić OM, kaкo и 50% од уделот во нејзината сестринска агенција Brigada. Агенциите сега се спојуваат со Grey Загреб, и се формираше агенција Bruketa&Žinić&Grey.

Управувачкиот тим го сочинуваат Давор Брукета и Никола Жиниќ, двајцата копретседатели и главни креативни директори, потоа извршниот креативен директор Синиша Валдингер, директорот на Brigadа, Дамјан Гебер и директорот на Grey Adriatics, Никола Бубањ.

Под новото име агенцијата ќе работи како дел од глобалната Grey мрежа.

Bruketa&Žinić&Grey ќе постане еден од трите дизајн  центри на Grey во Европа, покрај наградуваниот KW43 во Дизелдорф и Brand Union, дел од INGO во Стокхолм. Дизајнерите во Загреб веќе почнаа да соработуваат со Grey агенциите во Милан, Москва и Њујорк. Brigada моментално работи на дизајнот на канцеларискиот простор на европското седиште на Grey во Лондон.

Дополнително, агенцијата Bruketa&Žinić&Grey неодамна ги прошири своите услуги со регрутирање на нов дигитален тим со повеќегодишно искуство на некои од најголемите регионални брендови. На чело со овај тим, кој ќе го формира центарот на новиот Digital shopper hub е Иван Ковачевиќ, а тимот ќе им помага на брендовите ширум Европа, да го капитализираат меѓусебното влијание на дигиталните активности на нивните потрошувачи онлајн и на местото на продажба. Истиот тим веќе започна да работи на проектите со Grey во Варшава.

“Нашата досегашна соработка се темелеше на успешна соработка”, изјави Давор Брукета.  “На самиот почеток бевме само Никола Жиниќ и јас, а до денес имавме среќа да соработуваме со голем број на исклучителни луѓе – креативци, претприемачи и стручњаци. Денес соработуваме со некои од најамбициозните огласувачи во регионот. Ова е нов чекор во нашиот развој. Се отвори простор за раст преку извоз на нашите услуги.”

“Оваа соработка ќе овозможи и подобра услуга за нашите пертнери во Хрватска и регионот, бидејќи ќе можеме да ја поврземе креативноста на нашите тимови со знаењето и технологијата кои ни ги дава глобалната Grey мрежа. Речиси сите наши клиенти бараат начини како да ги извезат своите производи и услуги. Од сега ќе бидеме добра потпора во нивните амбиции без оглед дали тие се занимаваат со туризам, исхрана или иновативни дигитални производи”, вели Никола Жиниќ.

“Заедно со Bruketa&Žinić&Grey го покриваме целиот комуникациски процес од брендирање до физичка и e-продажба. Станува збор за единствени услуги, на само во овај регион. Со разбирање на процесот на продажба веќе докажавме дека можеме да дојдеме до ефикасни решенија на различните пазари. Ова партнерство ќе го забрза нашиот раст и развој”, изјави Дамјан Габер, директор на Brigadа.

“Не се случува често на денешниот пазар да откриете агенција со визија за комуникација која е вака уникатна, инспирирана од дизајнот и холистичка“ изјави Alain Groenendaal, претседател и главен извршен директор на Grey Европа. “Многу сум возбуден заради можностите со кои тимот на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey ќе допринесе во нашите способности и нашите вредности за клиентите во Grey мрежата, како во Европа, така и пошироко“.

Никола Бубањ, е возбуден заради можноста на вработените на споените организации. “Во Grey секогаш се фокусиравме на културата, талентот и беспрекорната изведба. Со заедничкото здружување, нашите способности ќе бидат пошироки и подлабоки и тимовите ќе можат да работат на различни и поголеми работи, како digital shopper, брендирање и дизајн, физичка и e-продажба. Сега имаме поголема слика што можеме да ја насликаме. “

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365