(РЕГИОН) – Рекламната агенција Bruketa&Žinić OM овие денови завршува со процесот на интеграција на дигиталната агенција Brlog, сестринаска агенција која со овој чекор престанува да постои. Сите услуги на агенцијата Brlog од сега ќе ги нуди матичната агенција Bruketa&Žinić OM.
“Со интеграцијата ќе се подобри нашата услуга кон клиентите и огласувачите кои сакаат “клуч во рака“ за интегрирани комуникации“ – вели Nikola Zinis, креативниот директор и ко-основач на Bruketa&Žinić OM.