Кампањата “Untouched by Light” за пенливото вино на Radgonskih gorica наградено со бронза во категоријата “Rebranding”
На првиот ден од фестивалот Cannes Lions беа доделени и првите награди. Хрватската агенција Bruketa&Žinić&Grey освои бронзен кански „лав“ за кампањата “Untouched by Light” – ребрендирање на пенливото вино на словенечката винарија Radgonske gorice. Тоа е најголемото признание во светот на пазарните комуникации за овој проект, а стигна како шлаг на тортата, откако претхоно, оваа соработка на хрватската агенција и словенечкиот клиент беше овенчана со признанијата Art Director’s Club New York Best of Discipline, Red Dot, Brand Impact Award и Grand Prix IdejeX.
“Untouched by Light” е кампањата со која Bruketa&Žinić&Grey и Radgonske gorice, наместо традиционално огласување, направија потполно нов производ, со цел позиционирање на винаријата на глобалниот пазар. Се работи за првото пенливо вино на светот кое се произведува, продава и испробува во целосен мрак, како одговор на едно научно истражување кое го потврдува негативниот ефект на светлото врз винските ароми, посебно врз оние пенливите. За производот известија повеќе медиуми ширум светот, што резултираше со интерес на маѓународните дистрибутери, па и покрај пандемијата, оваа винарија стигна на продажни места како Casamona во Сент Мориц и луксузните продавници во Кина.
„Radgonske gorice на наш предлог интервенираа во процесот на производство на пенливо вино кој со векови бил ист и со тоа направија потполно нов производ, единствен на светот. Им благодариме на таа голема доверба. Оваа награда е потврда дека креативноста во агенциите може да се употребува за многу повеќе од комуникациите,“ изјави Давор Брукета, креативен директор на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.
„Шест години го подготвувавме овој проект, работејки нешто што досега никој не го правел и го лансиравме во сред пандемија, кога винските саеми и посетите на потрошувачите во странство, како главно средство за промоција, ни беа недостапни. Затоа овој успех е толку поголем. Пенливото вино добива одлични оценки, а она што потрошувачите особено го памтат е пробувањето во темница,“ посочи Андреја Нова, директорка за маркетинг во Radgonskih gorica.
Cannes Lions е најголемото светско натпреварување во креативноста и пазарните комуникации, на кое само оваа година се пријавија преку 29 илјади пријави, додека пак „Канскиот лав“ се смета за најпрестижната награда во индустријата.