Google официјално објави дека брзината на вчитување на страниците и перформансите на сајтовите ќе започне да ги користи како параметри и дополнителни фактори за одредување на приоритетноста на прикажување на резултатите од пребарувањето на мобилни уреди.
Новата политика носи назив “Speed Update” и мобилнате пребарувања се ставаат во иста рамнина со десктоп пребарувањата, каде функцијата е веќе достапна. Како резултат на промената, поспорите веб-страници би можеле да ги видат своите линкови кон страниците на дното од страницата за пребарување, почнувајќи од јули оваа година. Сепак, поспорите страници и понатаму би можеле да се рангираат високо, доколку нудат одлични и релевантни содржини.
Истовремено, Google ги охрабрува креаторите на содржини да вложат повеќе напори како би се оптимизирала ефикасноста на нивните веб-страници, укажувајќи на Lighthouse, Chrome User Experience Report и PageSpeed Insights како корисни алатки во овој процес.