Американскиот пивски бренд Bud Light е препознатлив по своите хумористични реклами, особено во пресрет на Super Bowl. Но, оваа година, брендот се одлучи да рекламира еден нов производ – селцер лимонада (газирана минерална вода вкрстена со алкохол и вкус на лимонада).
Рекламата отпочнува со присетување на сите „кисели“ моменти т.е. „лимони“ кои ги понуди 2020 година, од домашни фризури до одложени венчавки. Ваквото „присетување“ е метафорично прикажано преку дожд од лимони во најразлични прилики, кој предизвикува драматични и несакани последици.
Меѓутоа, како што оди поговорката „Ако животот ти даде лимони, ти направи лимонада“, Bud Light се одлучи да ја искористи можноста да направи и лансира посебна лимонада во свој стил – Bud Light Seltzer Lemonade. Покрај класичната верзија со вкус на вообичаена лимонада, пијалокот ќе биде достапен и во верзија на црна цреша-лимонада, јагода-лимонада и праска-лимонада.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy New York.