На осмото издание на натпреварот BAAwards, организиран од страна на Бугарската асоцијација на огласувачи, се натпреваруваа вкупно 36 кампањи и проекти во трите одделни натпревари наменети за огласувачи, агенции и студенти.
Жирито, составено од 11 специјалисти од комуникацискиот сектор, награди вкупно 16 кампањи, од кои седум златни. Највисоката награда ја доби The Coca-Cola Company во категоријата „Нов производ“, Eurobank Bulgaria ја доби наградата за „Нова услуга“, додека пак пивото Загорка ја освои највисоката награда во категоријата „Корпоративна општествена одгвоорност“.
Од агенциите, со злато во истите гореспоменати категории се закитија BBDO Group, Noble Graphics и Saatchi&Saatchi Sofia.
Сите победнички тимови во студентската конкуренција доаѓаат од Новиот бугарски универзитет, под менторство на д-р Даниела Кадијска. Златната награда ја доби тимот составен од: Вероника Стојанова, Даниела Балевска, Мелина Хаманова и Антонија Јакимова, за проектот „Smart Ball – завинаги заедно“.
Галеријата на фотографии од настанот може да се погледне на следниот линк.