Бугарската асоцијација на агенции за односи со јавноста (БАПРА) го избра Александар Христов, управен партнер во агенцијата Paragraph 42, за нов претседател на асоцијацијата. Заменик-претседател ќе биде Ива Григорова, управен директор на MSL Sofia, дел од Publicis Groupe Bulgaria.
На генералното собрание на БАПРА беа избрани и нови членови на управниот одбор и етичката комисија на асоцијацијата. Новиот управен одбор е составен од: Стела Херера од Key Experts Group, Светлана Савова од V+O Communication, Тодор Јанев од Janev and Janev, Максим Бехар од M3 Communications Group и Борис Стојанов од All Channels Communication Group.
За членови на етичката комисија БАПРА беа избрани Николај Неделчев, Десислава Пантелеева и Марија Гергова-Бенгтсон. Етичката комисија на својот прв состанок треба да го избере претседателот на комисијата. За резервни членови беа избрани Дијана Пазаитова и Александар Дурчев.
На генералното собрание на БАПРА беше примена и една нова членка – IMG PR & Communication, дел од Internet Media Group.