Пет години по основањето, бугарската огласувачка агенција Human ја отвори својата прва меѓународна канцеларија, и тоа во Дубаи.
Агенцијата ќе нуди целосен пакет на комуникациска услуги, вклучувајки креатива, стартегија и продукција, со пет луѓе кои моментално работат во канцеларијата во Дубаи. Целта на агенцијата е да го зголеми тимот и оперативните работи целосно да се извршуваат на лице место.
Партнерите во Human почнаа да работат на отворање канцеларија во Дубаи уште минатата година, а првиот клиент го добија во јануари. Неколку месеци подоцна, веќе работаат на три активни проекти за огласувачи од Катар и Саудиска Арабија.
Во иднина, компанијата ќе ги фокусира своите напори на пазарите на Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, но исто така и на Далечниот Исток.