Бугарска телекомуникациска компанија Vivacom, во сопственост на United Group, постигна значителен успех, бидејќи четврта година по ред е на престижната Топ 10 листа на Светската сателитска асоцијата (World Teleport Association – WTA). Ова признание се заснова на исклучителниот раст на годишниот приход од сателитски услуги за деловни клиенти во текот на претходната година.
Овој извонреден успех ја одразува непоколебливата посветеност на Vivacom кон стратешката визија која се фокусира на инвестиции во врвни производи, најсовремени технологии и проширување на инфраструктурата. Поддржана од регионалната експертиза и поддршка на United Group, вкупната инвестиција на Групацијата во Бугарија до 2026 година се планира да достигне 4,8 милијарди лева, што е околу 2,4 милијарди евра.
„Четири години по ред, да се биде дел од Топ 10 најбрзо растечките светски компании кои обезбедуваат сателитски услуги за деловните корисници е значајно признание за Vivacom. Ова потврдува дека нашите континуирани инвестиции во иновации, доследно обезбедување на висококвалитетни услуги и исклучително високата експертиза на нашиот тим, како на бугарскиот така и на меѓународниот пазар, се клучните фактори за нашиот континуиран успех“ – вели Викторија Боклаг, извршна директорка на United Group.
Меѓу најголемите деловни корисници на сателитски услуги на Vivacom се компаниите Disney, Eutelsat, Viacom, National Geographic Channel, Viasat, Endurosat, Leaf Space, заедно со многу други провајдери, како и телекомуникациски и сателитски оператори.
Пред само еден месец, Vivacom и Eutelsat Group најавија комерцијално лансирање на станица за сателитска комуникација во селото Могила кај Стара Загора. Објектот, еден од само 35 такви во светот, обезбедува проширени комуникациски услуги преку сателити со ниска орбита. Копнената инфраструктура на Vivacom ја вклучува и најсовремената сателитска станица „Плана“, која може да се пофали со највисок можен сертификат за сателитски услуги – Ниво 4. Станицата „Плана“ служи како еден од најнапредните капацитети на глобално ниво, прилагоден на потребите на деловни клиенти.
Преку своите терестријални станици, Vivacom емитува преку 600 ТВ канали, допирајќи до милиони домаќинства низ Европа, Африка, Јужна Америка и Азија, вклучително и некои од најоддалечените предизвикувачки локации, како што е Антарктикот. Постојаната посветеност на United Group за растот на Vivacom во сателитската индустрија ја зајакнува позицијата на телекомуникацискиот оператор како лидер и иноватор во глобалниот телекомуникациски сектор, нудејќи врвни услуги и решенија за клиентите ширум светот.