Британскиот луксузен моден бренд Burberry лансираше нова кампања со која ја слави слободата на фантазијата и пионерскиот дух, како одговор на олабавувањето на карантинските мерки во државата.
Кампањата насловена “Open Spaces” („Отворени простори“) се карактеризира со централен спот во кој една група на луѓе со автомобил пристигнуваат до една отворена ливада, ги облекуваат своите Burberry јакни и се препуштаат на ветрот – летајќи онаму каде што тој ги носи. На крај, групата пријатели доаѓаат над отворена водна површина, каде што стапуваат во заедничка прегратка.
Покрај спотот, кампањата ќе се состои и од фотографии во кои акцентот е повторно ставен на природата и нејзините неограничени отворени простори.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Megaforce и продукциската куќа Riff Raff Films.