Во пресрет на американскиот Ден на мајката (8 мај), брендот за брза храна Burger King реши на германскиот пазар да понуди специјални бургери кои ги задоволуваат необичните прехрамбени желби на бремените жени.
Според истражувањето кое претходело на кампањата, 58% од испитаните 1,070 жени одговориле дека имале необични прехрамбени желби, од кои пак 76% рекле дека не можеле да одолеат на тие желби.
Како резултат, Burger King се одлучи да воведе некои „интересни“ комбинации на бургери во кои бремените жени ќе можат да ужуваат за време на претстојниот викенд.
Иако некои од овие комбинации на вкусови можат да се чинат како чудни за повеќето луѓе, тие всушност биле базирани врз најпопуларните сугестии понудени во истражувањето. Меѓу нив, има комбинации како краставички со џем, риба во сос од јаболко, похована харинга со колбаси во кари сос, сладолед од ванила со маслинки итн… Погледнете ја целата понуда на следниот линк.
Покрај самите бургери, кампањата вклучува и неколку спотови во кои бремени жени дискутираат за нивните „чудни“ желби со своите партнери и деца.
Кампањата се реализира со помош на огласувачката агенција Grabarz & Partner.