Добро е познато дека температурите можат да достигнат прилични екстремни вредности за време на летните месеци на Арапскиот Полуостров. Но, со лансирањето на својата нова „жешка“ колекција на екстремно лути сендвичи за арапскиот пазар, Burger King им најави на луѓето дека температурата може да порасне уште повеќе!
Во новата кампања на брендот за брза храна, новите сендвичи со плескавица печена на вистински пламен, лут Tabasco сос и лути халапењо пиперчиња, се толку „жешки“ што го уклучуваат алармот за пожар.
Прскалките почнуваат да „врнат“, вработените во ресторанот веднаш се ставаат во акција со чадори да ги заштитат гостите, а пристигнуваат и пожарникарите, кои, кога ќе видат за што се работи – се приклучуваат на гозбата!
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Wunderman Thompson MENA.