Во 2023 година, има пострашни работи од чудовишта и духови за време на Ноќта на вештерките…
Вештачката интелигенција зазема се повеќе простор во нашиот свет. Оваа технологија нуди бесконечни можности во широк опсег на полиња, но предизвикува и бројни грижи за нејзините потенцијални злоупотреби (манипулација со јавното мислење, нарушување на приватноста, сајбер-напади, закана за работните места итн…).
Но, оваа Ноќ на вештерките, Burger King го трансформира стравот од вештачката интелигенција во предност за својата најнова кампања за францускиот пазар, создадена од креативната агенција Buzzman.
Во филмовите и постерите генерирани со вештачка интелигенција, гледаме како клиентите на Burger King ја губат својата човечка форма уште од првиот залак, со само неколку едноставни prompt-ови. Погледнете: