Новата 2020 година е зад аголот, а светскиот бренд за брза храна Burger King ја откри „големата“ тајна која ја чуваше цела година, која пак буквално се однесува на големина – да докаже дека нивиот бургер Whopper е поголем од Big Mac на конкурентот McDonald’s.
Имено, зад секоја реклама која Burger King ја имал оваа година, зад секоја слика на бургерот Whopper, без разлика дали се работело за постер, спот, автобуска реклама или слично, била сокриена слика на Big Mac во соодветен размер. Причината поради која не можел да се види секој од тие Big Mac-ови е поради тоа што бил засенет од поголемиот Whopper.
Креативната агенција која стои позади концептот за „скриената“ кампања во траење од една цела година е BBH од Обединетото Кралство.