Со оглед на сите празнувања во овој период од годината, сосем е очекувано дека добар дел од луѓето ќе искусат барем едно, две или повеќе мамурни утра. Препознавајќи ја таквата можност, брендот за брза храна Burger King се одлучи за уникатна кампања на бразилскиот пазар – ќе нуди оброк и попусти во согласност со сериозната на мамурлакот.
Се работи за апликација со технологијата на препознавање лице, која врз основа на фацијалните обележја на корисниците ќе го одредува нивното ниво на мамрулак и согласно тоа ќе нуди калоричен оброк со соодветната комбинација на состојки.
Брендот исто така ќе издава купони за попуст, во износ пропорционален на мамурлакот, кои што корисниците ќе може да ги искористат до 2 јануари за нарачка преку мобилната апликација на Burger King.
Кампањата се реализира во соработка со бразилската креативна агенција DM9.
„Привилегија е да се има партнери како Burger King, кои користат смелост, иновативност и дрскост како суштински состојки и се подготвени да имплементираат бренд акции како оваа во пракса. Во овој случај, употребата на технологија за препознавање лице во комбинација со хумор ќе генерира уште една забавна врска со потрошувачите“ – вели Икаро Дорија, копретседател и генерален креативен директор во DM9.