По повод Националниот ден на бургерите во Обединетото Кралство (25 август), брендот за брза храна Burger King ги повикува потрошувачите да го заменат својот вообичаен оброк и бесплатно да пробаат вегански бургер, како дел од иницијативата “Go Meat Free For Free”.
Првите 10,000 потрошувачи ќе можат да добијат Whopper од растително потекло или Vegan Royale без надоместок, преку мобилната апликација на брендот.
Брендот за брза храна дошол до идејата за кампањата по едно истражување во кое 51% од оние кои јадат месо во Британија изјавиле дека не би пробале плескавица од растително потекло дури и ако таа им биде дадена бесплатно.
Претходно, во 2019 година, брендот имаше слична кампања во Шведска, каде по случаен избор на потрошувачите им биле служени вегетаријански или обични бургери и морале да ја погодат нивната содржина.
Burger King се смета за водечки бренд во промовирањето на веганските бургерите низ светот, со планови за 50% од својата понуда да биде без вистинско месо до 2030 година. Претходно оваа година, брендот ја отвори и својата прва локација целосно без производи од месо на плоштадот Лестер во Лондон.