Минатата година, познатиот ланец брза храна ја спонзорираше машката екипа на клубот Стивинеџ од Англија, а сега сака да му се оддолжи и на женската екипа.
Бургер Кинг е ланец ресторани за брза храна од САД, основан уште во 1954 година.
Бидејќи долго време не успеа да најде “сродна душа“, Бургер Кинг реши да ја создаде, па така настана Burger Queen.
Во 2019 година, компанијата објави дека го спонзорира англискиот фудбалски клуб од Лига 2, Стивинеџ, со цел да го претвори во најголемиот клуб во светот во доменот на онлајн гејмингот.
Сега овој трговски ланец на брза храна, најпознат по своите вкусни бургери, сака да ја прошири својата мисија и на женскиот фудбалски клуб, преку спонзорирање на Stevenage FC Women, под истите услови и на исто ниво како што е случај со машкиот тим.
Зад оваа интересна кампања стои компанијата „Давид Мадрид“, а Бургер Кинг го создаде логото Burger Queen, како дел од спонзорството за поддршка и на жените во овој „машки спорт“.
Новото лого ќе биде гордо прикажано на дресовите во текот на сезоната 2020/2021. Фановите можат да купат ограничено издание на Burger Queen комплет преку официјалната продавница на Стивинеж ФК, на нивниот сајт.