Веќе 12 месеци живееме во „збунувачки времиња“ предизвикани од пандемијата на коронавирусот, а брендот за брза храна Burger King лансираше нова кампања во која одлично је презентира „збунетата“ ментална состојба на многу луѓе кои се обидуваат да се вратат во нормала после долгиот карантин.
Кампањата има за цел да го презентира сендвичот „Impossible Whopper“, со „плескавица“ од растително потекло. Идејата е дека овие „збунувачки времиња“ се всушност одличен момент за лнсирањето на „збунувачкиот“ вегански бургер.
Централниот спот во кампањата прикажува снимки од „збунети“ луѓе кои веќе не ја знаат разликата помеѓу „нормалното“ и „новото нормално“, додека нараторот дава разни коментари со доза на црн хумор.
„Џо се чуди дали работи од дома, или живее на работа?“; „Ема откри дека повеќе сака да има врска со профилот на Марк отколку со самиот Марк“; „Џејсон разговара во живо, но се мачи да комуницира кога не може да го исклучи гласот или камерата или пак да моча додека слуша“; „Сајмон и Сара имаа бебе, а сега сите ги прашуваа „кога доаѓа следното?“ – Па што му фали на ова?“ – ова се дел од коментарите на нараторот во рекламниот спот, кои исто така се најдоа и како засебни радио реклами.
Новата кампања на Burger King е создадена со помош на креативната агенција David Miami.