Во оваа кампања дури и ултразвукот нема да им помогне на купувачите да дознаат што купуваат
Што ако за само 2 евра можете да уживате во еден од 10-те хамбургери на Бургер Кинг, но да не знаете во кој? Тоа е сега можно со „Mystery Burger“ кампањата, со оригинален концепт кој го разви француската агенција за огласување Buzzman. Во оваа понуда, достапна до 25 септември, купувачите во Франција можат повторно да ја откријат големата понуда на производите на Бургер Кинг.
Кој бургер е скриен во кутијата со бела боја, без било какво брендирање, обележана само со прашалник? Whopper? Steakhouse? Bing King XXL? Нема начин да се дознае без отворање на кутијата. Всушност, тоа агенцијата Buzzman сликовито го илустрира во овај духовит спот кој ја промовира кампањата и кој можете да го погледнете во продолжение.
На купувачите во Франција им останува само да се потпрат на среќата и кој знае, можеби ќе им се падне најдобриот хамбургер.