Со сите случувања во 2020 година, научивме дека иднината е навистина непредвидлива. Таквото сознание предизвикува анксиозност и стрес кај голем број на луѓе, поради што Burger King се одлучи да внесе барем некаква подолгорочна предвидливост во нивните животи.
Имено, Burger King во Франција лансираше нов сендвич за иднината кој луѓето може да си го испратат сами на себе во 2030 година, со цел да се осигураат дека барем една добра работа ќе им се случи таа година.
Дел од кампањата е и видео-спот кој прикажува замислена временска рамка на настани кои би се случиле во иднината. Наративот почнува од 2020 година со пандемијата, по што во 2057 следи „плаќање за кислород“, а во 3129 година – враќање на диносаурусите кои ќе владеа со светот. „Никој не знае што утрешниот ден ќе донесе. Барем испратете си сами нешто добро за иднината“, се посочува во видеото.
Се’ што корисниците треба да направат е да се пријават преку мобилната апликација на Burger King и да изберат датум во 2030 година на кој сакаат да им биде доставен нивниот сендвич.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција Buzzman Paris.