Овај бренд спроведе своевиден социјален експеримент во еден од своите ресторани, докажувајќи некои поразувачки статистики за насилството помеѓу тинејџерите
Насилничкото однесување е нешто што е присутно во сите краеви и култури во светот, но она што е исто така присутно во сите култури во светот е игнорирање на врсничкото насилство. Денес, со помош на паметните телефони, се почесто можеме да видиме вакви ситуации, затоа што насилниците често знаат и да се пофалат со своите дела. За жал, луѓето се подготвени да го игнорираат насилничкото однесување, се додека директно не допре до нив, а Burger King тоа го докажа на извонреден начин.
Во еден од своите ресторани поставија скриени камери и следат како гостите на ресторанот ќе реагираат на насилничкото однесување на група на тинејџери блиску до нив. Веројатно веќе погодувате што се случило, но приказната има и дополнителен пресврт, кој ќе го погледнете во видеото подолу.
Оваа видео истакнува еден важен општествен проблем кој кај младите може да остави длабоки последици кои ќе ги следат во текот на целиот живот, но исто така го поврзува брендот во целата приказна на фантастичен начин, ставајќи го во седиштето на случувањата нивниот Whopper Jr. бургер, кој исто така е жртва на злоставување во спотот.
Овај меркетинг потег го осмисли агенцијата David Miami, а го режираше Henry-Alex Rubin од продукциската команија Smuggler, кој исто така е заслужен за минатогодишниот спот „Evan“ кој ги собра наградите на бројните натпреварувања за креативност.