Саливан К., чест коментатор на социјалните мрежи на Бургер Кинг, доби можност да „отпакува“ цел ресторан
За Бургер Кинг 2017 година беше исклучително богата на полето на креативноста. Сега, на крајот на годината, ставија панделка на 2017 година и тоа во буквална смила, со забавен трик во Франција. Имено, компанијата спакува цел еден ресторан како подарок и го подари (на одреден начин) на својот најголем Фејсбук фан.
Саливан К., објавил најмогу коментари од било кој друг на Фејсбук страницата на Бургер Кинг во Франција – најмалку 637. Сакајќи да му се заблагодарат, Бургер Кинг и нивната агенција Buzzman го направија тоа со најголемиот подарок од било кога, со негов сопствен Бургер Кинг ресторан.
35 работници цела една ноќ го “пакувале“ ресторанот со над еден километар материјал и другиот ден му го “подариле“ на Саливан. Над влезот сега пишува „Домот на Саливан К.“. Добил и свое паркинг место, своја златна чинија, своја маса, па дури и своја сопствена амбалажа за Whopper. И да, тој ќе може да јаде таму една година бесплатно.
Но, кампањата има забавен додаток: Лицето кое ќе напише најмногу коментари под новото видео објавено на Фејсбук, исто така ќе добие бесплатна храна една година во Бургер Кинг. Во првите неколку часови, имало повеќе од 40 000 коментари.