Првата половина на 2020 година се покажа како особено тешка за светот, па брендот за брза храна Burger King верува дека ќе биде многу подобро доколку таа едноставно заврши. Со таа цел, во обид кој културните антрополози би го нарекле „симпатетичка магија“, Burger King се одлучи да го доближи крајот на годината така што ќе го прослави Божиќ во Јули.
Компанијата целосно се внесе во приказната, уредувајќи еден од своите ресторани во Мајами, Флорида (колку соодветно), со божиќни елки, украси и светилки. Брендот ги „облече“ во божиќно руво и своите профили на социјалните медиуми, како и самата Burger King мобилна апликација.
Кампањата содржи и специјална промотивна понуда за комбинација на два производи по цена од само 5 долари.