Фудбалскиот VAR (Video Assistant Referee) е често мета на критики од страна на фудбалските аналитичари и фанови поради бројните чудни, а понекогаш и целосно лоши и погрешни одлуки. Но, зошто тоа се случува, кога напротив, требаше да го подобри фудбалот?
Епа, брендот за брза храна Burger King има свој одговор – видео-судиите се толку зафатени со нивните бургери што и не обрнуваат толку внимание на натпреварите.
Имено, најновата кампањата на Burger King за францускиот пазар се состои од четири кратки спотови кои прикажуваат различни комични ситуции на ВАР судии кои се преокупирани со брза храна. Па така, гледаме судија кој не ја гледа играта бидејќи е зафатен со нарачка, други судија кој не може да се разбере што зборува бидејќи му е полна устата, трет судија кој истурил сос врз контролите, и четврт случај во кој видео-судијата попрво сака да коментира за својот избор на хамбургер.
„Во Burger King, ние сме горди што на сите им овозможуваме добро време… дури и на VAR судиите. Па, доколку заборават да внимаваат на играта и да донесат правилна одлука, немојте да нé обвинувате нас“ – стои во соопштението на Burger King по повод кампањата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Buzzman Paris.