Од новата кампања на брендот за брза храна Burger King, лансирана на белгискиот пазар, дознаваме дека Семоќниот Творец на универзумот е всушност жена, а нејзиниот омилен бургер е популарниот Whopper.
Централниот спот на кампањата отпочнува со епска сцена од „Големата Експлозија“, на почетокот на времето, кога се создавал универзумот. Притоа, космогонискиот процес е проследен од нарација од самиот Бог, односно Божица, која објаснува како го создала светот од четири елементи: земја, вода, воздух и оган.
Овој последниот, огнот, е всушност елементот кој на Божицата ѝ носи најголема гордост и задоволство, а според следните сцени – се чини дека тоа е така поради огнената скара на која се печат плескавиците на Burger King уште од далечната 1954 година!
Спотот завршува со сцена во која Божицата го изговара името на брендот со полна уста, додека јаде од вкусниот Whopper бургер.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Buzzman.