Burger King се одлучи за една необична кампања на карипскиот остров Порто Рико по повод „Ноќта на вештерките“.
За празникот кој е познат по раздавањето на бомбони, шеќерчиња и разни други кондиторски производи, брендот за брза храна се реши да направи минијатурни сендвичиња во форма на бомбони свиткани во хартија. Се работи за вистински сендивичиња со минијатурна говедска плескавица, кромид, домати и салата.
На секој ресторан на брендот во Порто Рико му биле доделени по 300 вакви минијатурни сендвичиња, кои потоа потрошувачите можеле да ги нарачуваат преку мобилната апликација на Burger King – за да ги јадат или да ги раздаваат на децата кои доаѓаат од врата на врата по повод празникот.
Кампањата била реализирана со помош на креативната агенција de la cruz | Ogilvy.