Технолошкиот гигант Google објави нова реклама со цел да ја илустрира брзината на пребарувачот Chrome, споредувајќи го со брзината на болид во Формула 1 и рецитирањето стихови на раперите Busta Rhymes и Lil Yachty.
Дејството на рекламата се случува во музичко студио, кога Lil Yachty добива повик од возачот Ландо Норис, од тимот на McLaren во Формула 1, кој го предизвикува да рапува исто толку брзо колку што овој го вози својот болид.
Со цел да постигне темпо од 220 bpm, како аналогија за 220 mph, раперот бара помош од својот колега Busta Rhymes, познат по неговите рафални стихови. Двајцата успеваат соодветно да му одговорат на возачот и неговиот поставен предизвик, додека целата комуникација се одвива преку брзиот Chrome.
Рекламата е создадена од медиската компанија ATTN со помош на агенцијата EssenceMediacom.