Традиционално во пресрет на Велигденските празници, британскиот производител на чоколадни производи Cadbury ќе одржи лов на дигитални велигденски јајца.
Имено, преку дигиталната платформа Cadbury Worldwide Hide, интегрирана со Google Maps Street View, љубителите на традицијата ќе можат да сокриваат дигитални јајца на различни локации и потоа преку споделување на персонализирани навестувања, да ги упатуваат своите блиски на локацијата каде треба да го најдат скриеното велигденско јајце.
Дигиталниот лов на велигденски јајца ќе биде достапен во клучните пазари на брендот – Обединетото Кралство, Ирска, Австралија и Јужна Африка.
Овогодишен партнер на ловот е фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, кој ќе има специјализирани велигденски јајца со боите и иконографијата на клубот. Настанот ќе го промовираат фудбалерите Хери Мегваер, Пол Погба, Том Хитон и Немања Матиќ преку кратки филмови на социјалните мрежи.
Кампањата се остварува со помош на креативната агенција VCCP London.