Италијанската групација на алкохолни брендови Campari Group го соопшти купувањето на историскиот француски бренд на коњак Courvoisier од компанијата Beam Suntory по неверојатна цена од 1,2 милијарди долари.
Италијанската групација има намера да стане посериозен конкурент на гигантите за алкохолни пијалоци Diageo и Pernod Ricard, влегувајќи сериозно во бизнисот со коњак покрај продажбата на аперитиви, бурбон и текила.
Аквизицијата ќе го зајакне присуството на Campari во Соединетите Американски Држави, каде моментално се остваруваат 55% од вкупните продажби на Courvoisier. Истовремено, договорот нуди значаен трансформациски потенцијал за компанијата во регионот на Пацифичка Азија – кој што исто така претставува голем светски пазар на коњак, предводен од Кина.
Сѐ на сѐ, од Campari очекуваат дека аквизицијата на Courvoisier ќе ја зголеми нивната нето-продажбата за околу 9%. „Божиќ дојде порано за Campari оваа година“ – едноставно истакна генералниот извршен директор на компанијата, Боб Кунзе-Кончевиц.