Италијанскиот бренд на аперитив Campari ја спроведува кампањата „Ode to Cinema“ („Ода на киното“) со која го слави наследството на кинематографијата и различните стилови кои оставиле траен белег врз нејзиниот развој.
Се работи за серија на кратки филмови, сите снимени во различен стил, чие дејство се врти околу пијалакот Campari. Најпрвин беше објавена реклама во стил на крими драма од 1990-те, по што следуваше акционен шпионски филм од 1960-те, па во монохромен стил на филм-ноар, за последната објава да го одразува препознатливиот стил на режисерот Вес Андерсон.
Серијалот е инспириран од партнерството што брендот го има со Канскиот филмски фестивал.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција &Friends од Обединетото Кралство.