Да речеме дека случајно Ви е потребен нов креативен директор. Каде можете да ги најдете најдобрите ?
Се разбира дека во некоја од жири комисиите на Cannes Lions.
Се што треба е само да им пристапите правилно за да ја следат внимателно Вашата понуда…..хм….хм…. “..а да им пријавиме проект/оглас за работа директно на жирирање а ?..” :) :)
Веројатно вака некако размислувале во агенцијата 180LA кога решиле својата потрага по нов креативен директор да ја направат токму на најголемиот светски креативен фестивал Cannes Lions.
Во конкуренцијата на пријавени проекти за жирирање испратиле четири “кампањи“ во кои се крие оглас за работа и ги пријавиле во категориите : Direct Lions, Film Lions, Radio Lions и Press Lions.
Директно пред очите на дел од најдобрите светски креативци.
Кампањите – Огласи за работа, всушност претставуваат лажна студија “која објаснува“ кои лични резултати креативните директори можат да ги остварат преку работата во 120LA, потоа вклучува контакт информации и ги замолува “гледачите“ доколку не се заинтересирани да ја препратат оваа одлична можност до своите колеги.
Одлична идеја ! Погледнете:
Извор: AdWeek