Познати се добитниците на Кански лавови во уште 6 категории.
Во категоријата Creative Data, Гранд При освои маркетинг агенцијата FCB/SIX од Торонто за проектот Go Back To Africa реализиран за Black&Abroad.
Во новата фестивалска категорија, Creative Strategy, Гранд При освои агенцијата Forsman&Bodenfors Гетеборг и проектот The E.V.A. Initiative кој е реализиран за компанијата Волво.
Агенцијата FCB New York од САД освои Гранд При во категоријата Direct за кампањата The Whopper Detour која е реализирана за Бургер Кинг.
Гранд При во категоријата Media освои агенцијата Akqa од Сао Паоло за проектот Air Max Graffiti Stores креиран за Најк.
https://www.youtube.com/watch?v=dDG7aVFRVpY
Во категоријата PR, Гранд При освои агенцијата Scholz&Friends од Берлин за кампањата The Tampon Book: a book against tax discrimination реализирана за The Female Company.
Агенцијата VMLY&R од Канзас Сити за проектот Keeping Fortnite Fresh реализиран за ресторанот за брза храна Wendy’s освои Гранд При во категоријата Social & Influencer.