Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions ги објави првите листи на потесен избор за овогодинешното издание, и тоа во категориите: „Titanium Lions“, „Innovation Lions“ и „Glass: The Lion for Change“.
Потесниот избор во категоријата “Titanium Lions” вклучува кампањи кои ја слават креативноста што ги менува парадигмите, дела кои се провокативни, ги преминуваат границите и предизвикуваат завист кај другите – кампањи што пробиваат нови терени во брендираните комуникации и ја движат индустријата напред во нови насоки. Во потесниот избор за оваа година се најдоа 20 кампањи, кои може да се разгледаат на следниот ЛИНК.
Како финалисти во категоријата “Innovation Lions” се избрани 23 кампањи кои слават револуционерни иновации, технологија и идеи за решавање проблеми кои ја претвораат имагинацијата во влијателна реалност. Истите се поделени во седум поткатегории и можат да се разгледаат на ОВОЈ линк.
Категоријата „Glass: The Lion for Change“ е наменета за камапњи кои имплицитно или експлицитно се осврнуваат на прашања на родовата нееднаквост или предрасуди, преку свесно вклучување на родот во огласувањето. Овогодишниот потесен избор за оваа категорија вклучува 17 кампањи кои можат да се разгледаат ТУКА.
Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions ќе се одржи помеѓу 17 и 21 јуни 2024 година во Кан, Франција.