Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions го прогласи Google за креативен огласувач за 2018 година. Оваа награда се доделува на брендовите кои се истакнуваат со исклучително креативен storytelling. Google оваа година е награден за поместување на границите на креативноста преку бренд маркетинг, примена на нови технологии за создавање на ефикасни кампањи и пренесување креативна содржина.
Со цел да ја прослави наградата и да ја поддржи иднината на маркетинг индустријата која е фокусирана на различни процеси, компанијата ќе започне кампус за креативност на фестивалот Cannes Lions во 2018 година.
Креативниот кампус на Google ќе се фокусира на зголемување на родовата еднаквост, етничката припадност и социо-демографската разновидност во креативните индустрии. Во соработка со Академијата Roger Hatchuel, комбинираната програма ќе едуцира 45 студенти во Кан, од кои најмалку 50% ќе доаѓаат од групи кои се помалку застапени во огласувањето и маркетингот. Студентите ќе одберат претставници за огласување, комуникација и сродни маркетиншки дисциплини на Cannes Lions.