Ова одликување доаѓа по долгогодишното признание за различните пакети на производи од овој бренд
Меѓународниот фестивал за креативност Cannes Lions го прогласи „Мајкрософт“ за најкреативен огласувач во 2021 година.
Годишното признание го добиваат огласувачите кои низ годините постојано продуцираат креативни дела кои освојуваат лавови. „Мајкрософт“многу пати импресионираше на фестивалот, добивајќи признанија за различни пакети производи, вклучувајќи ги и „Xbox“, „Halo 3“, Windows, OneNote, Kinect, MSN и Microsoft Cloud.
Во 2019 година, Мајкрософт се истакна со кампањата „Changing the Game“, креирана од агенцијата McCann Њујорк. Вниманието е насочено кон далечинскиот управувач за игрите и таа година, меѓу другото, освои Гран При во категоријата Brand Experience and Activation, како и Титаниумски лав.
Постојат и други забележителни награди, како што е кампањата која освои Стаклен лав „ Make What’s Next“, исто така креирана од страна на агенцијата McCann Њујорк за Меѓународниот ден на жената; повеќенаградената кампања „Survival Billboard“ Xbox/ Tomb Rider“ која ја креираше агенцијата McCann Лондон, која што ги натера фановите да чекаат пред билборд во симулирани немилосрдни временски услови; како и кампањата што освои Гран При во категоријата Creative eCommerce „Xbox Design Lab Originals: The Fanchise Model“, платформа што ги охрабрува играчите да креираат и купуваат прилагодени управувачи за игри.
Планот на Cannes Lions беше да го наградат Мајкрософт минатата година, но тие планови беа ставени во мирување поради пандемијата, како и самиот фестивал. Сега, кога прославата на Cannes Lions продолжува, иако виртуелно, Мајкрософт ја презема сцената.
„Она што навистина се издвојува во настапот на “Мајкрософт“ на Cannes Lions е тоа што тие освојуваат Лавови во широк спектар на производи и географски подрачја, што значи дека ги поместуваат своите креативни граници низ целиот деловен свет“, рече Филип Томас, претседател на Cannes Lions. „Бидејќи Сатја Надела, извршен директор на „Мајкрософт“, изјави дека „маркетингот е еден од главните двигатели на нашиот успех“, јасно е дека „Мајкрософт“ го отклучи целиот креативен потенцијал за поттикнување на растот. Ние продолжуваме да гледаме се` повеќе докази за моќта што ја има креативноста во бизнисот и затоа препознаваме брендови како „Мајкрософт“, кои активно водат креативен маркетинг“.