Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions го прогласи Unilever за „Креативен огласувач за 2024 година“. Почесното признание му се доделува на огласувач кој има создадено голем број на иконични, лавовски-победнички креативни дела во подолг временски период, при што Unilever има воспоставено репутација како создавач на храбри, креативни и иновативни маркетинг решенија.
Unilever последен пат беше награден како креативен огласувач на годината во 2010 година, а во следните години собра стотици „лавови“. На минатогодишниот Cannes Lions, Unilever беше награден со „лавови“ за голем број свои брендови, вклучувајќи ги Dove, Hellmann’s, Dirt Is Good (познати како Persil, Skip и OMO), Magnum, Vaseline, Marmite и Pot Noodle.
Во 2023 година, најголемиот бренд на Unilever, Dove, беше награден со Grand Prix во категоријата „Media Lions“ за кампањата „#TurnYourBack“, создадена во соработка со агенциите Ogilvy London и DAVID Madrid. Претседателот на жирито на „Media Lions“, Кристијан Јул, ја оцени „#TurnYourBack“ како „современ пример за тоа како нашата индустрија може да ја искористи моќта на медиумите за да ги заштити младите луѓе и да ги поттикне да го отфрлат притисокот што го чувствуваат за да се усогласат со вештачките стандарди и да бидат сигурни во нивното вистинско, нефилтрирано јас“.
Инклузивната мисија за убавина на Dove првпат беше лансирана преку нивната кампања „Real Beauty“ од 2004 година, која оваа година слави 20 години. Оттогаш, брендот е водечки во демонстрацијата како маркетингот може да донесе импресивни комерцијални резултати. Надоградувајќи се на оваа платформа во 2013 година, кампањата „Dove Real Beauty Sketches“ имаше за цел да даде впечатлив доказ дека жените се поубави отколку што мислат – освојувајќи 16 „лавови“, вклучувајќи ја и многу посакуваната награда „Dan Wieden Titanium Lion Grand Prix“, како и златен лав за креативна ефективност следната година.
Денес, Dove е бренд од 6 милијарди евра кој продолжува да се залага за реални промени во сферата на разноликоста, еднаквоста и инклузивноста, вклучително и преку воведувањето на т.н. „CROWN Act“ во САД кој ја прави нелегална дискриминацијата врз основа на фризура. Првично усвоен во 2019 година, овој акт сега е вклучен во законодавството на 24 сојузни американски држави.
Брендот Hellmann’s на Unilever исто така продолжува да се истакнува во културата преку креативната платформа „Make Taste, Not Waste“, истакнувајќи ја својата долгогодишна мисија да им помогне на луѓето да се справат со отпадот од храна, неодамна со помош на кампањата „Mayo Cat“ за време на најпопуларниот спортски настан во САД – Super Bowl. Со истиот хумористичен тон, кампањата „Mayo McHack“ ги научи Британците како да го „хакнат“ исчезнатиот мајонез во менито на познат синџир на ресторани, освојувајќи два сребрени лавови во категориите „PR“ и „Brand Experience & Activation“ на минатогодишното издание на Cannes Lions.
Овие наградувани кампањи се сведоштво за посветеноста на компанијата спрема креативноста, поткрепена со нивната маркетиншка филозофија „Get on the Frontline“ („Застани во првата линија“) и испорачана преку специјална програма за креативна извонредност фокусирана на едукација за креативната ефективност, зголемување на креативните амбиции, негување на креативниот талент и елиминирање на бариерите до креативноста. Оваа програма е поддржана од Креативниот совет на Unilever, кој ги обединува нивните маркетинг директори и лидерите на партнерски креативни агенции, и со кого претседава генералната директорка за развој и маркетинг на Unilever, Еси Еглстон Брејси.
За наградата на Unilever, извршниот директор на LIONS, Сајмон Кук, рече: „Оваа награда е наменета за препознавање и славење на оние брендови кои постојано испорачуваат креативни дела што ги подигнуваат стандардите за креативна извонредност низ глобалната индустрија за креативни комуникации. Unilever постојано и континуирано ги поместува креативните граници низ широк спектар на брендови во различни пазари, во соработка со бројни агенциски партнери, демонстрирајќи јасно разбирање и посветеност спрема моќта на креативноста како двигател за напредок и раст. Честитки за оваа заслужена победа“.
Генералната директорка за развој и маркетинг на Unilever, Еси Еглстон Брејси, посочи: „Благодарност до Cannes Lions што ги препознаа нашите лидерски брендови и агенциски партнери кои секогаш ги поместуваат креативните граници. Нашата посветеност на смел, храбар и покреативен маркетинг е непоколеблива. Креативноста која започнува со инспирација, се поврзува со трговијата во секој момент и одекнува кај луѓето за да изградат посакувани и супериорни брендови. Огромна чест е да се прифати оваа награда во име на нашиот исклучителен тим кој навистина ја разбира моќта на човечката поврзаност да им служи на луѓето и да ги развива нашите брендови“.
Наградата за креативен огласувач на годината беше воведена во 1992 година, а досегашни нејзини добитници се: AB InBev, Apple, Burger King, Coca-Cola, Google, Heineken, IKEA, Mars, McDonald’s, Samsung и Microsoft. Од нив секој покажал дека доследната и првокласна креативност, поткрепена со посебна култура за негување на креативноста, ги поттикнува деловните перформанси – и како резултат на тоа освоиле многубројни „лавови“ на Фестивалот.
Еси Еглстон Брејси ќе одржи говор на Cannes Lions во среда на 19 јуни и ќе ја подигне оваа награда во име на Unilever за време на завршната церемонија на доделување награди во петок на 21 јуни.
Сите информации за фестивалот Cannes Lions и начинот на учество може да се најдат на www.canneslions.com.