Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions соопшти дека следното издание во 2022 година ќе се одржи со физичко присуство, враќајќи се на Француската Ривиера од 20 до 24 јуни.
Откако изданието во 2020 година мораше да биде откажано поради пандемијата, а од исти причини овогодинешното издание се одржа виртуелно, претседателот на фестивалот Филип Томас истакна: „Едвај чекаме повторно да се сретнеме со индустријата и да ја сплотиме заедницата уште еднаш“.
Конкурсот за пријавување на кампањи и регистрацијата за учество ќе бидат отворени на 20 јануари.
Иницијалните фази на жирирање ќе се одржат виртуелно, но членовите на жири-комисиите ќе се состанат во живо во Кан за финалните фази на процесот.
И покрај одлучноста за враќање во живо, фестивалот ќе продолже да ја развива и својата онлајн мрежа наречена Lions Membership – дигитална платформа со претплата која има повеќе од 10.000 корисници.
Изданието во 2022 година исто така се очекува да биде еколошки најодржливото во досегашната историја на Cannes Lions.