Нaјпрестижниот интернационален фестивал на креативноста, Cannes Lions, најави промени на дел од Специјалните награди (Special Awards) кои се доделуваат на основ најмногу поени собрани од проектите кои добиле награда или се нашле во финале (shortlist) на фестивалот.
Наградата “The Media Agency of the Year” ќе биде заменета со “Media Network of the Year“ и ќе биде доделена на медиа мрежата која ќе постигне најдобар резултат за проектите во Media Lions секцијата.
Втората новина е воведувањето на награда за најдобрата регионална мрежа на годината – “Regional Network of the Year” која ќе биде доделена за време на финалната церемонија на 21 Јуни 2014 год., како признание за најдобрите во EMEA, Asia-Pacific, North America и LatAm.
Cannes Lions фестивалот, овогодишното 61-во издание по ред, ќе го има во периодот од 15-ти до 21-ви Јуни во Кан, Франција.