Софтверската компанија OpenAI ја интегрираше онлајн платформата за графички дизајн Canva во популарниот четбот со вештачка интелигенција ChatGPT, овозможувајќи им на корисниците брзо и лесно да генерираат визуелни решенија од текстуален опис.
Додека и четботовите и алатките за генерирање илустрации веќе се обидуваат да го забрзаат работниот процес, тие обично функционираат одделно. Но сега, со новата екстензија на ChatGPT, нивните функции се обединуваат на едно место, па можете да создавате и персонализирате банери или слични визуелни решенија директно во четботот и тоа со само неколку кликнувања.
Преку „плагинот“ на Canva за ChatGPT, корисниците ќе можат да му наредат на четботот да понуди шаблони за логоа, постери, објави на социјалните мрежи, презентации, видеа, веб-страници и документи. Но, наместо нив да ги создава од нула, алатката всушност нуди предлози со готови шаблони од датабазата на Canva врз основа на внесените барања и описи.
Новиот додатокот на Canva, како и со другите плагини за ChatGPT, моментално е достапен само за претплатниците на месечниот ниво на ChatGPT Plus од 20 американски долари. Ова делумно се должи на фактот што плагинот работи во тандем со понапредниот GPT-4 модел на OpenAI, кој ги препознава сликите, покрај текстот, како легитимен внес на податоци.
Претплатниците кон ChatGPT Plus можат да го инсталираат додатокот на Canva со избирање на копчето GPT-4 на горниот дел од екранот за разговор, а потоа да ја посетат продавницата за плагини и да пребараат „Canva“.
Canva is now integrated into ChatGPT.
It’s so powerful you can create any visual in seconds.
I’ll show you how to create logos, banners and more using Canva in ChatGPT: pic.twitter.com/DW8WmZLvgp
— Paul Couvert (@itsPaulAi) September 3, 2023