Крис Камара, поранешен фудбалер и стручен коментатор на Sky Sports, маскиран наградува патници во лондонското метро со карти за фудбалски натпревари како дел од новата кампања на пивскиот бренд Carlsberg пред почетокот на Европското Првенство во фудбал.
Создаден од Fold7, спотот ги прикажува Камара маскиран како добро облечен постар џентлмен, со брада и бастун, кој се шета низ лондонското метро следен од скриена камера.
Кога некои луѓе ќе му го понудат нивното место, тој ја открива својата маска и ја наградува нивната љубезност со карти за некој натпревар од Европското Првенство во фудбал, кое започнува во јуни во Франција.
Слганот на кампањата е “Ако Carlsberg правеше измени”, алудирајќи на играчките измени во текот на еден фудбалски натпревар.
Спотот “Вашето седиште за Евро седиште” беше напишан од Џон Јорк од Fold7, а беше режиран од Крис Фејт од Firecracker Films.
Спотот ќе биде дополнително проследен со outdoor активности и присуство на социјалните медиуми до средината на Јуни. OMD го води медиа планирањето и купувањето.
Пол Морис, бренд менаџер на Carlsberg, изјави: “Како официјални пиво на УЕФА Еуро 2016 и англискиот национален состав, ние сме воодушевени од соработката со Камара и ја лансираме оваа кампања со нагардување на пипадниците на јавноста кои сакаат да ја покажат својата великодушност.”