(РЕГИОН) – Некогаш под поимот ‘семејство’ ги подразбиравме нашите најблиски роднини. Денешното ‘семејство’ е значајно проширено. Тоа не се само оние што ни се во најблиско сродство, денес тоа се и пријателите, колегите, нашите куќни миленици… Семејството е нашата комфорт зона, она што додава вредност и смисла на животот, заедништвото, блискоста. Семејство е кога некому му го даваме она што најмногу го сакаме, кога со некој делиме и радост и грижи, кога на некој му го поклонуваме нашто време, нашите погледи и допири. Семејство е кога заедно фантазираме, старееме, победуваме, губиме… кога сакаме. Семество е кога сме заедно и кога делиме Carnex паштета.
“Carnex – И секогаш сме заедно” е слоганот на новата кампања за Carnex паштетата, која од своето појавување на пазарот стана синоним за паштета, како и добро познат вкус и никогаш не доведен под сомнеж квалитет. Кампањата за еден од најпознатите и најсакани брендови во Србија ја осмисле McCann Beograd, претставувајќи ја Carnex паштетата како еден од симболите на семејната трпеза и размената на љубовта, довербата и поддршката со најдрагите.
“Carnex паштетата има висока препознатливост и со генерации е дел од семејната трпеза. Со оваа кампања го проширивме видикот и ја ставивме во контекст на модерното семејство, која во денешна смисла е секаде каде што се осеќаме како дома, меѓу своите. Вложивме многу ентузијазам, знаење, искуство и пред се креативна страст подготвувајќи потполно нова комуникациска платформа. Како резултат, настана еден современ, атрактивен креативен израз в кој го преточивме идентитетот и вредноста на Carnex брендот, и што е најважно, кој комуницира со потрошувачите. Сакавме со пораката која ја пласираме да потсетиме на емоциите кои се двигатели на сите нас, а кои во избрзаната секојдневница понекогаш ги потиснуваме. Драго ни е дека, судејќи по реакциите на потрошувачите и соработниците, во тоа и успеавме,” изјави Тијана Каталиниќ. бренд менаџер на компанијата Carnex.
Кампањата имаше одлични реакции, како и активно учество на голем број луѓе во расправата која беше започната на социјалните мрежи на темата “Што е за вас семејство?”
Тимот кој ја реализираше кампањата го сочинуваат: Бојан Бабиќ, Бранко Андрејевиќ, Лидија Миловановиќ, Владимир Поповиќ, Милица Војновиќ, Јана Савиќ Растовац, Катарина Прибичевиќ, Марија Стошиќ и Исток Торњански.
Погледнете го новиот спот: