Како израз на авангардата, препознатливиот часовник Tank Française на францускиот бренд за луксузни производи Cartier нè поврзува со Париз и неговата креативна слобода – атрибут кој е толку совршено доловен од францускиот „нов бран“ и во рамки на самиот град. Така, се чинеше дека е сосема соодветно да се сними враќањето на Tank Française покрај едно од најпознатите обележја на Париз – реката Сена, помеѓу левиот и десниот брег, илустрирајќи ја нејзината важност како хероина од вчера и денес.
Во режија на плодниот англиски режисер Гај Ричи, кампањата на Cartier ја отсликува безвременската елеганција на Tank Française. Од една страна ја имате Кетрин Денев, легендарната актерка на францускиот „нов бран“ и олицетворение на францускиот шик, а од друга – Рами Малек, еден од најреномираните актери на неговата генерација. Тој ја игра улогата на филмаџија кој, покрај мостот Александар III, ги вкрстува патиштата со Денев во нејзините најпознати улоги во француската кинематографија: во “Les Parapluies de Cherbourg” на Жак Деми, “Indochine” на Режис Варгнер и “Place Vendôme” на Никол Гарсија.
Покрај главниот филм на кампањата, брендот објави и интервјуа со режисерот Гај Ричи и актерите Рами Малек и Кетрин Денев, сé со цел да им оддадат почит на француската култура, вештините и знаењето на Cartier, кинематографијата и на крајот да ја оживеат приказната за иконичниот часовник на брендот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Publicis Luxe.