Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum изразува голема чест и задоволство да му посака добредојде на Каталин Добре, ко-извршен директор и главен креативен директор на McCann Worldgroup Romania и регионален креативен директор на McCann CEE како најнов член на Golden Drum Hall of Fame, во оваа избрана група визионери и сонувачи кои храбро и страсно се бореа за напредок на креативната индустрија и пошироко.
Основан во 2010 година, Golden Drum Hall of Fame ги слави оние кои преку нивната професионална кариера и личен живот влијаеле врз нашите креативни умови и души. Тоа е креативни лидери кои нè инспирирале и мотивирале и кои сега нè водат да продолжиме напред во нашите напори.
„Огромна чест е да се влезе во „Куќата на славните“ на Golden Drum, најважниот креативен фестивал во Централна и Источна Европа. Јас сум почестен од друштвото во кое се најдов, сите тие вистински гиганти на индустријата. Секогаш бев горд на креативната ДНК што ја наследив од овој регион. Секојдневниот живот во овој дел од светот нè натера да најдеме поразлични решенија за проблемите. Тоа нè обучи. Нè изгради да бидеме предизвикувачи, да размислуваме на иновативен начин. Чувствувам дека Golden Drum го прослави и промовираше овој тип на креативност. Горд сум што станав дел од „Куќата на славните“ на овој уникатен фестивал. Тоа ми помага понатаму да бидам промотор на автентичноста на овој регион и да го славам посебниот тип на креативност што доаѓа од тука“ – истакнува Каталин Добре од McCann.
Долги години, Каталин е составен дел од фестивалот, постојано покажувајќи екстремна амбиција, талент и напорна работа. Никогаш не му недостасувале пофалби за Golden Drum и важноста на овој фестивал за развојот на регионот, професионалната заедница и младите таленти. Со целосна поддршка на мрежата McCann, Каталин одигра стратешка улога во развојот на фестивалот и во обезбедувањето место на мапата на креативната индустрија.
Каталин бил говорник, член на жирито, член на жирито на натпреварот „Young Drummers“, добитник на награди на Golden Drum и повеќе пати бил крунисан за креативен директор на годината. Под негово водство, McCann Romania ја освои титулата Aгенција на годината, а мрежата на McCann стана Мрежа на годината на Golden Drum, дури неколку пати.

Дипломиран филозоф, Каталин Добре, 39-годишниот главен креативен директор и ко-извршен директор на McCann Worldgroup Romania, започнал да работи во огласувачката индустрија како копирајтер, уште пред 20 години.
Со текот на годините, тој има освоено 2 Grand Prix и еден Titanium Lion на Cannes Lions, а вкупниот број на награди од Кан засега му изнесува 39 „лавови“. Тој исто така има добиено награди но сите големи меѓународни огласувачки фестивали, вклучувајќи ги D&AD, Clio, One Show, Eurobest, Lia, New York Festivals, Cresta и Golden Drum. Тој е горд што учествувал во жиријата на D&AD, Clio, Eurobest, Dubai Lynx, NY Festivals и Golden Drum.
Каталин беше дел од првото романско издание на Forbes 30 under 30 и две години подоцна ја доби наградата за извонредност (Excellence Award). Тој исто така ја има добиено наградата за извонредност на IAA, за креирање на кампањата што го донесе првото канско Grand Prix во Источна Европа и беше дел од листата Creative 100 на магазинот Adweek во 2019 година.