Каталин Добре, Executive Creative Director во агенцијата McCann Букурешт и предавач на Фестивалот на интегрирани комуникации КAKTUS 2015, кој ќе биде одржан овој четврток во Белград, зборува за тоа од каде креативците ги црпат добрите идеи, зошто е важно за индустријата да ги задржи младите таленти и зошто креативците од овај регион и понатаму се “аутсајдери“.

Креативниот директор е како инженер, секогаш мора да носи нови идеи. Од каде ги црпите идеите?
Креативците сакаат да создаваат. Ако им го додадете она „директор“, тоа значи дека имаат помалку време за тоа што го сакаат. Во тој случај, мораат да го губат времето на состаноци. Кога стнува збор за инспирацијата, мислам дека таа секогаш доаѓа од љубопитноста. Тоа е најважниот квалитет којшто еден креативец треба да го има. Меѓутоа, тука постои еден израз – advertising bubble. Тој се однесува на фактот дека креативците кои работат во маркетинг агенција, поголемиот дел од времето се опкружени со други креативци. Тоа значи дека се постојано опкружени со креативни идеи, рекламни кампањи, огласувачки интриги, политика итн. Според моето мислење, тоа е премногу адвертајзинг! Вашите креативни решенија треба да побегнат од ова опкружување и да се вратат во реалниот свет. Љубопитноста е всушност тоа што нас во тоа ни помага. Затоа, мој совет е да останете љубопитни и да истражувате, да бидете во контакт со нови луѓе со различни интереси. И тука не мислам само на уметници, програмери или музичари….Мислам на инженери, луѓе кои одгледуваат зеленчук, таксисти, жени кои продаваат цвеќе на улица, итн. Постојат паметни и креативни луѓе насекаде околу нас и тие можат да бидат наша инспирација.
Од друга страна, креативните директори имаат уште една важна улога. Мораат да создаваат нови идеи од својата креативност. Тие мора во агенцијата да создаваат средина во која идеите можат да растат, каде постои здрава конкуренција, амбиент во кој луѓето се инспирираат, меѓусебно делат информации и се борат за она во што веруваат.
Како да се препознае добра идеја?
Постојат неколку знаци. Добрата идеја секогаш создава “Хах“ ефект во вашата глава. Добра идеја е и онаа која можеш да ја кажеш во само неколку збора, како наслов во весниците. Ако е тоа навистина добра идеја, таа треба и малку да ве плаши. “Како по ѓаволите јас ова да го продадам?” Таа идеја треба да биде провокативна.Таа обично не доаѓа откако креативците ќе кажат “Имам навистина добра идеја…“ . Сигурно постојат уште знаци, но мислам дека овие се клучни.
Покрај сите начини на брза размена на информациите, колку е значајна едукацијата на младите таленти?
Тоа е од суштинско значење. Младите се иднината. Тие треба да гледаат на адвертајзингот како на секси индустрија, затоа што нашата работа е тоа и навистина. Ако не успееме да ги воодушевиме со нашата индустрија, тие ќе изберат некоја друга креативна работа. Застанете за секунда, погледнете се и размислете колку сте навистина инспиративни, поинакви и што некому навистина можете да му понудите. Младите таленти се моќни, но и кревки. Нив треба да ги охрабрите.
На подрачјето на Југоисточна Еврпа спрема бројот на награди, би се рекло дека имаме многу теленти. Како го објаснувате тоа?
Нашиот регион имаше многу проблеми. Решавањето на тие проблеми за нас беше школа за креативност- Underdogs Academy, како што јас ја нарекувам. Од тие проблеми израсна генерација на креативци, која кога требаше да се вработи, веќе наголемо беше обучена за оваа работа. Да, ние сме талентирана нација. Да, ние имаме карти за играње, но и предност. Меѓутоа, мораме многу да работиме и да се докажуваме за секогаш да добиваме награди на меѓународните фестивали. На некој начин, ние и понатаму сме “аутсајдери“. Но, сме успешни!
Првиот национален фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2015 ќе биде одржан на 29 октомври во Белград, под слоганот “Идеите кои опстануваат“. Повеќе информации на www.kaktus.rs.