Секој го прославува Божиќ различно.
Некои сакаат да го прославуваат со тематски забави со празнични џемпери, други пак оваа сезона ја доживуваат на поразличен начин. Новата кампања на David Jones со актерката Cate Blanchett во главната улога на гледачите им дава да ѕирнат во празничната Божиќна магија на жителите на Австралија.
Од рекламната кампања може да откриете како луѓето од овој континент ги слават овие празници.
Спотот креиран од TBWA, Sydney, започнува со прашањето: ‘’Како го празнувате Божиќ?’’. Спотот прикажува бројни начини на кои луѓето се припремаат за празниците.
“Без разлика дали сте во потрага по совршениот подарок за саканите, се припремате во рамките на домот за богатата Божиќна гозба, ја подготвувате совршената гардероба за празничните прослави или пак ја доживувате празничната магија пренесувајќи им ја празничната магија низ бројни активности на своите деца деца, David Jones обезбедува бескрајни можности за прослава за секого’’, изјави David Thomas, CEO на David Jones, за B&T Magazine.
Празничната магија лесно се доживува преку приказната на шармантниот спот каде во улога на наратор се појавува Blanchett. Во спотот се појавуваат најразлични ликови.
Секој го обожава овој празник и го слави на безброј начини…
На крајот на спотот, Cate Blanchett се буди во раните утрински часови со гласот на својата ќерка прославувајќи го фактот дека пристигнал Божиќ. “Па,” кажува таа, “Верувам дека ние така го славиме Божиќ.”
И реално не постои погрешен начин за да се прославува – се додека се прославува- зар не?