Италијанскиот бренд за луксузна мода Giorgio Armani го претстави својот нов парфем Sì Eau de Parfum Intense, проследено со нова кампања која го поставува прашањето „Кој е најмоќниот збор?“
Одговорот кој го дава брендот е зборот “Sì”, односно „Да!“, претставен како избор кој истовремено е воден од разумот и од емоциите. Според Armani, да се каже Sì значи да се каже „Да!“ на страста, на слободата, на љубовта и на себеси и го охрабрува изразувањето на современата женственост.
Главна ѕвезда на кампањата е долгогодишната амбасадорка на брендот и холивудска актерка Кејт Бланшет, придружена од актерките Сејди Синк, Матилде Џиоли и манекенката Еугенија Силва, кои настапуваат во високо-сензуалниот спот режиран од Ембер Грејс Џонсон, со музика од Måneskin.
Според брендот, нивниот нов парфем се карактеризира со „овошни ноти од нектар од црна рибизла, заедно со кадифено цветно срце и сензуален букет од ванила“.