Интегрален дел на процесот на продажба е добро да го запознаете својот таргет и да креирате врски со потрошувачите. Да успешно можете да продавате преку вашата веб страница и незино промовирање на социјалните медиуми или преку директни нарачки преку страницата на социјалните медиуми, но како да успеете да продадете и да креирате врска со своите следбеници?
Во ерата на социјалните медиуми овој аспект се задоволува на повисоко ниво во поглед на оној на традиционалните медиуми.
Корисниците на овие медиуми сегментирани се по пол, место на живеење и возраст, имаат одредени желби и интереси, начин на живот, работа, образование, посетиле слични места, користат различни платформи за логирање на овие социјални медиуми, следат најразлични видови на страници ….Од каде и по алгоритам обезбеден од социјалните медиуми можете и подобро да ги ‘’запознаете’’, со нив да креирате врски и да ја подобрите својата продажба.
Чекор 1: Етаблирајте се и прикажете се себе/брендот/производот/услугата во најдобро можно светло.
Корисниците сакаат доверливи извори, сакаат да разговараат, а имаат и одредени норми и очекувања кои треба да ги исполните за да ја изградите таа доверба.
Чекор 2.Детерминирајте го најдобриот начин на кој ќе се поврзете со вашата целна публика.
Како и што напоменавме претходно секој социјален медиум има различен успех за различни брендови. Facebook е најдобриот начин за остварување на B2C до B2В продажби, LinkedIn е добар за продажба на B2B производи/услуги, Instagram е повеќе за мода,начин на живот и цели кон помлада публика за разлика од останатите социјални медиуми, додека пак Twitter може да се намени за секаков тип на продажба. Блоговите, форумите и местата каде што има чет и коментирање во реално време се исто така добар начин кој паралелно со користењето на веб продавница и социјалне медиум може да придонесат кон зголемена продажба.
Што е битно да се истакне во овој чекор?
Бидете присутни секаде, но најмногу бидете присутни на мрежите каде се случуваат релевантните разговори со корисниците!
Чекор 3: Поврзување
Поврзете се со поголем број на таргетирани фанови, следете ги индивидуалните профили на мрежите, пребарајте на Интернет кој ги пребарува вашите производи/услуги и поврзете се со тие лица. Колку почесто ги анимирате следбениците и креирате интеракција со нив толку поприродно за нив ќе биде да ве следат и даги читаат вашите содржини.
Чекор 4: Градење на врски
Откако се поврзавте многу е битно да изградите врски од доверба со вашите следбеници. Треттирајте го секој поединечен следбеник со почит и интерес. Одговарајте на нивните прашања, поставувајте им на своите следбеници прашања со цел да започнете конверзација со нив. Кога некој споделува со вас зошто му се допаѓа или не му се допаѓа вашиот производ/услуга креирајте конверзација за да ги откриете причините зошто тоа е така.
Луѓето сакаат да читаат, следат и споделуваат информации, доколку научите како внимателно да ги следите што тие имаат да кажат, што сакаат тоагш ќе можете да изградите врска од доверба со нив. Не нудете им ги своите производи постојано, научете како да им ги предложите на вашите следбеници и да ги советувате, на начин на кој корисноста од истите ќе задоволи некоја нивна потреба.