Во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ потребни се лица за ангажирање со полно работно време од следните области:
• Аналитичари (политички, социолошки, економски аналитичари)
• ПР -менаџери (копирајтери, маркетинг и ПР консултанти)
• ИТ -менаџери (графички дизајн, веб дизајн и програмирање)
• Архивар
Кандидатите треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ и да ја достават следната документација: кратка биографија, мотивационо писмо, потврда за образовен статус, прашалник кој треба да го пополни секој кандидат, кој може да се преземе од официјалниот сајт на ВМРО-ДПМНЕ. Документацијата да се достави од денот на објавување на овој Конкурс, најдоцна до 03.10.2014 година до канцелариите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на улица Димитрије Чуповски 7/3, или електронски на komunikacii.vmrodpmne@gmail.
Кандидатите треба да имаат завршено високо образование или да бидат во завршните години од студиите од областа на: правни науки, политички и комуниколошки науки, социолошки науки, студии по новинарство, архивистика, ИТ студии и останати сродни науки Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успеси во минатото и визијата за иднината.
Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.
ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата и прашалникот на секој кандидат. По завршувањето на процедурата на изборот, секој кандидат има право да ја подигне неговата документација по негово сопствено барање. Со почит, ВМРО-ДПМНЕ
Извор: Факултети.мк