Во средиштето на конференцијата Sempl која на 27 и 28 ноември ќе се одржи во Порторож, се трендовите и иднината на медиумите и комуникациите, создавањето и раскажувањето на приказната за брендовите, иновативните маркетинг решенија во дигиталните медиуми и размислувањето на огласувачите надвор од постојаните рамки
Организаторите на 16 конференција за медиумски трендови Sempl, која оваа година се одржува под слоганот „Препородени“ (Reborn), кои најавуваат сеопфатна преобразба на медиумско-комуникациската индустрија, ја објавија програмата на овогодинешниот дводневен настан . И оваа година, конференцијата е првенствено посветена на трендовите и актуелните случувања во индустријата, со фокус на барање решенија со кои огласувачите, маркетинг агенциите и комуникаторите уште повеќе ќе ги приближи своите клиенти и крајните купувачи. Дваесет меѓународни и домашни стручњаци од медиумско-комуникациската индустрија, на конференцијата ќе се посветат на следниве теми:
1. Трендовите и иднината на медиумите и комукикациите
„Иновативните медиумски професионалци мораат да знаат што ќе биде, а не само што е сега“- тврди Daniel Levine, американски стручњак за глобалните трендови и главен уредник на интернет порталот WikiTrend.org. Во својот прилог кон конференцијата тој ќе открие како длабоките промени кои драматично го менуваат современиот живот и медиумите кои ги следиме, да се искористат на иновативен начин, за да брендовите би го привлекле вниманието на потрошувачите, нивното “одушевување“ и би ја зголемиле својата продажба.
Во свет кој брзо се менува и во кој технологијата го диктира својот ритам, целото внимание е насочено кон милениумската генерација, односно таканаречените дигитални домородци. Кои се всушност милениумците, каде огласувачите можат најлесно да ги фатат и дали младите во јадранскиот регион по нешто се разликуваат од нивните врсници во светот, ќе илустрира со помош на податоци Nataša Mohor Kejžar, директор на агенцијата за истражување на пазарот Ipsos Slovenija.
Еден од ефикасните начини за привлекување внимание на потрошувачите е и надворешното огласување, кое исто така ја менува својата слика и ниту оддалеку не работи само на поставување билборди на патиштата. Каква е иднината на тој медиум, кој исто така станува се повеќе дигитален и како огласувачите можат со негова помош уште повеќе да им се приближат на потрошувачите ќе одговори Xavier Dupre, извршен директор на понудувачите за надворешно рекламирање, JCDecaux од Велика Британија.
Каква е иднината на медиумската индустрија во јадранскиот регион од аспект на поделба на огласувачкиот колач, во искрен разговор ќе се обиде да одговори Branimir Brkljač, соосновач на Studiо Moderna Group и основач на Terra Panonica и Marjan Novak, директор и одговорен уредник на Marketing Magazin. Учесниците, помеѓу останатото, ќе дознаат колку е телевизијата ефикасна од аспект на продажбата, зошто компанијата Studio Moderna внимателно влегла во светот на дигиталното огласување, а сега без него повеќе не може и кои се тие медиуми на иднината.
2. Создавање и раскажување на приказна
Приказната која на своите потрошувачи им ја раскажуваат брендовите, станува вистинска наука. А како во неа да ги вплетат своите целни групи е уметност, која ја владеат само неколкумина. Меѓу нив сигурно спаѓаат гостите на Семпловата тркалезна маса, посветена на уметноста на раскажување приказни: Jelena Veljača, креативен и извршен продуцент на Novа TV, Damjan Obal, соосновач на словенскиот start-up Edgar, Scot Alexander Young, ТВ сценарист, писател и глумец, кој моментално живее во Унгарија и хрватската писателка,сценаристка и трансмедиумска креаторка Jasmina Kallay.
Таа во своето предавање посебно ќе зборува за моќта на интернетот и видео игрите како „продолжение“ на класичните забавни содржини ( филмови, ТВ серии, па и книги ), кои компаниите можат да ги користат во маркетингот и продажбата.
Како во креирањето на стратегија за сеопфатен маркетинг да се размислува како уредник, ќе објасни Nenad Senić, долгогодишни уредник на корпоративни медиуми, кој со помош на успешен и помалку успешен проект за сеопфатен маркетинг, ќе ја покаже вредноста на сеопфатната стратегија. Дека новото време во средиштето го поставува создавањето на сопствени содржини, добро знае и Anna Nemeth, директор на проекти во унгарската медиумска агенција ZenithOptimedia.
Доживувањето кое брендовите на своите потрошувачи им го овозможува преку сопствените канали и содржини, како што се видео снимките, фотографиите, музиката и текстовите, според нејзиното мислење, се најдобриот пат за успех на компаниите. Значи, за брендовите, дигиталните медиуми станаа незаменливи, а со тоа и блогерите кои се од помош во подобрувањето на односите со брендовите. Како тоа да се направи, ќе советува Matthew Zorpas, основач и автор на омилениот моден блог TheGentelmanBlogger од Велика Британија.
3. Иновативни маркетинг решенија во дигиталните медиуми
Дека социјалната мрежа Twitter предизвика вистинска бура во меѓусебната комуникација, не е нова работа. Но, брендовите се уште во доволна мера не ја препознаа нејзината предност или комуникацијата со потрошувачите на Twitterсеуште не им оди од рака. Niall Horgan, кој на Twitterги води клучните клиенти за регионот ЕМЕА, ќе ги советува учесниците како ефикасно да се одговори на актуелните случувања и како во најголема мера да се искористи маркетингот во моментот.
Појавата која во дигиталното огласување во последно време најмногу ги вознемирува огласувачите и маркетинг агенциите, е аукцискиот закуп на интернет медиумите во реално време (real-time bidding,RTB). За што станува збор, зошто РТБ постигнува толку голем раст, што брендовите можат да очекуваат , како да се снајдат во програмскиот закуп и како со негова помош да достигнат голем поврат на инвестициите (ROI), ќе појасни Paul Gill, раководител на интернет аукцискиот закуп во реално време во британската компанија Bid.Media.
Бројни меѓународни огласувачи и нивните комуникациски агенции, при решавањето на своите маркетиншки предизвици, запнуваат во пристапот на заповадање и надзор, смета Paul Coleman, директор за стратешко планирање во маркетинг агенцијата OMD EMEA од Франција, бидејќи клучната стратегија често се одредува во светските центри, и потоа се прилагодува за локалните пазари. Со оглад на тоа што бројни индустрии веќе ја препознаа моќта на колективниот, тимскиот пристап кој го овозможува дигиталната технологија, Coleman во своето предавање ќе зборува за тоа дали може ефикасно да го користи и комуникациската индустрија.
4. Размислување (на огласувачите) надвор од поставените рамки
„Денешната јавност никогаш не знаела за свет без радио. Со толку нови блескавиплатформи кои се борат за вниманието на слушателите и пари на огласувачите, радиото мора да стане малку порадиклно како би можело да остане релевантно“ смета светскиот авторитет на подрачјето на радиското огласување Ralph van Dijk, основач и креативен директор на австралиската продукциска куќа Eadrum, која на престижниот фестивал на креативноста Cannes Lions , секоја година освојува бројни награди за своите огласи на радио. На Sempl ќе зборува колку е важно размислувањето надвор од рамките на радиото.
Magdalena Malinova, потпретседателка за развој на младите компании TVBeat, со седиште во Велика Британија , чиј соосновач е словенскиот претприемач Robert Farazin, од друга страна, ќе ја истакне потребата за размислување надвор од рамките на телеметриката, односно класичното следење на гледаноста на телевизиите. Ќе ги претстави и ексклузивните податоци за гледаноста на телевизиите во јадранскиот регион, пред се како, колку и на кои направи гледачите ги следаат ТВ содржините и што тоа значи за огласувачката индустрија.
Маркетинг од уста до уста не е никаква новост, но со ширењето на дигиталните медиуми доби нова димензија. Бидејќи се работи за многу осетливо подрачје, затоа што негативните гласини на интернет, на компаниите можат да им причинат непоправлива штета, треба да се работи промислено и надвор од поставените начини на размислување. На кој начин да се предизвикаат позитивни гласини, на учесниците на Sempl ќе им објасни американскиот стручњак за односи со јавноста Patrick Galvin.
Се на се, овогодинешниот SEMPL е настан кој не смее да се пропушти !